Ѓоковиќ го освои турнирот во Мадрид

Првиот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ е победника на АТП турнирот од серијата „мастерс 1000“ во Мадрид, откако во неделата во финалето го надигра Гркот Стефанос Циципас со 6-3 и 6-4.

За 31-годишникот Ѓокивиќ ова е 74-та АТП титула во кариерата, а 33-та на некој од турнирите од серијата „мастерс 1000“. Во Мадрит тој по третпат го подигна победничкиот пехар, по 2011 и 2016 година.

За младиот 20-годишен Циципас ова беше втор настап во финале на некој „мастерс 1000“ турнир и втор пораз. Минатата година беше поразен во финалето на Торонто од Шпанецот Рафаел Надал. Циципас остана на три освоени турнира, од кои два освои годинава, во Марсеј и во Есторил.