Густата магла и голомразицата на главниот автопат во американската сојузна држава Вирџинија, на истокот од САД, предизвикале во неделата голем верижен судар во кој учествувале најмалку 69 возија а повредени се триесетина лица.
Нема инфорамции за загинати, но неколку од повредените се во тешка состојба, соопшти полицијата на Вирџинија. Околу 35 лица се примени во болниците во околината поради лекарска помош.
Во судирот се уништени за предниците и задните делови од моги автомобили, а некои делумно биле подигнати во воздух. Спасувачите морале да се качуваат на покривите од автомобилите за да ги извлечат патниците.
Локалните власти водат истрага. Расчистувањето на местото на несреќата траело повеќе од шест часа. Несречата се случила во близина на Вилијамсбург, источно од главниот град Ричмонд.
Во САД овој викенд вообичаено голем број луѓе поаѓаат на пат во пресрет на божикните празници.