Србија во вторникот пријави уште две жртви од Covid-19 и 152 случаи на нови зарази со коронавирусот со 7.177 тестирани примероци во последните 24 часа.
На посебната итернет страница на српското министерство за здравство е наведено дека во болниците со коронавирусот се хоспитализирани во моментов 329 заболени, од кои 22 пациенти се на распиратори.
Претходните денови статистичките пресеци кои ги објавуваш Кризниот штаб покажуваа благ пад ба бројот на новозаразените, од 168 случау на 10-ти октомври, ден потоа 102 и во понеделникот 12-ти оактомври 67 новозаразени, за во вторникот да има нов скок на 152 сличаи, главно во Белград.
Според официјалната статистика, од почетокот на епидемијата на 6-ти март, во Србија од вкупнио 1.206.976 тестирани примероци потврдени се 35.006 случаи на коронаинфекцијата, а починале 767 лица, со стапка на смртност од 2,19 отсто.