
Зошто бегате од соочувања на телевизија, пред јавноста, не е работата да зборувате во камерна атмосфера со нарачани прашања. Не бегајте од телевизиски соочувања, порача Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија Канал 5 со Хари Локвенец од СДСМ.
Повика дека премиерот Зоран Заев треба да излезе на дуле со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки.
„Но, немате аргументи затоа не се излегува на дебати. Ајде нека излезат да дебатираат носителите на листи за изборите од вашата коалициј. Нека излезат да дебатираат министрите, а не само да гостуваат и да кажуваат штоа сакаат, рече Ѓорчев. Им порача да излезат на „мегдан да ги кажете аргументите“.
Проблемот на Владата предводена од СДСМ е што има голема непопуларност, што луѓето не и веруваат, премиерот е и судија и кадија, ослободувате пратеници од притвор за да гласаат за уставни промени и промена на името“, посочи меѓу другото Ѓорчев.
Според него најголемиот проблем е што ништо не е реализирано од ветувањата. „Наместо зборот е збор, за вас лагата е лага“, рече Ѓорчев.
Како што посочи пратеникот, во овој период откако е СДСМ на власт, а ако се смета и периодот на техничка влада, станува збор за четврта година владеење „една шајка не е закована, една бандера не е направена“. „Владата на СДСМ има само автоголови и го менува името за што не доби мандат“, рече Ѓорчев