Горештини во Австралија пред влегувањето во 2019-та

Температурите во поедини делови од Австралија во четвртокот ќе достигнат и до 49 Целзиусови степени, додека континентот со справува со неподносливи горештини на прагот од новата 2019 година.

Температурата во голем делови на северна и централна Австралија надминуваат 40 Целзиусови степени, а хидрометеоролошкиот завод на земјата најавува дека екстремните горештини ќе траат до новогодишната ноќ.

Во Марбл Бар, во областа Пилбар на северозападот од континентот, се очекува дека температурата ќе достигне 49 степени. Во населбата крај подземниот рудник на опал Кубер Педи во јужна Австралија може да изнесува 46 степени.

Метеорологот Бони Хаселгроув од јужнавстралискиот хидрометеоролошки завод изјавил за националната телевизиска мрежа ABC News дека следната седмица температурите би требало да останат околу 40 Целзиусови степени.

Предупредувањата за пожари се објавени ширум земјата, а на населението му се советува да избегнува престој на сонце и да консумира многу течности.