Малопродажните цени на автомобилските горива во Австралија го обновија највисокото ниво во последните 14 години, достигнувајќи 2,07 австралиски долари, односно 1,4 американски долари, за литар, објави во понеделникот австралиската Државна комисија за конкуренција из заштита на потрошувачите (ACCC).
Во соопштението на регулаторот се истакнува дека „и покрај намалувањето на акцизите за горивата, кои беа воведен во април, малопродажните цени на бензините во вториот квартал се искачија на 14-годишниот максимум поради меѓународните фактори…“.
Според овие податоци, просечните цени на бензините во петте најголеми австралиски градови – Аделаида, Бризбејн, Мелбурн, Перт и Сиднеј – се зголемиле од1,88 австралиски долар, или 1,27 американски долари, на 2,07 австралиски долари. Притоа од ACCC истакнуваат дека намалувањето на акцизата „спречи позначително зголемување на цената на автомобилските горива“.
Регулаторот, исто така, забележува дека цените на бензините и на дизел горивата во Австралија, најверојатно, повторно ќе поскапат на 29-ти септември, коа ќе истече владината уредба за намалување на акцизата на горивата.
Сепак, „не се очекува значителен раст“ и се проценува дека цената на автомобилските горива ќе се зголемат не за повеќе од 9 отсто.
„ACCC внимателно ќе ги следи цените во мало и големопродажбата и нема да се колеба да преземе мерки доколку (…) бидат најдени докази антиконкурентско однесување на пазарот и неоправдани зголемување на цените“, се додава во соопштението на регулаторот.