Во последниот натпревар од шестото коло на италијанското фудбалско првенство Рома на гостувањето кај Емполи славеше со 2:1.
Рома поведе во 17 минута со погодокот на Паоло Дибала, но Емполи успеа да израмни преку Филипо Бандинели по асистенцијата на Петар Стојановиќ.
„Волчицата“ повторно дојде во водство во 71 минута кога Дибала нафрли а Тами Абрахам погоди за 2:1. Тимот на Жозе Мурињо можеше да го реши мечот во 80 минута, но Лоренцо Пелегрини не реализираше удар од белата точка, погодувајќи ја стативата.
Пеналот го направи Либерато Какаче кој го собори Ибањез. Судијата Ливио Маринели веднаш покажа на белата точка, а неговата одлука ја потврди и ВАР-от.
Емполи можеше да ја казни Рома во 84 минута, но Акпа Апкро ја погоди стативата, Само три минути подоцна овој напаѓач од Брегот на слоновата коска заработи црвен картон поради опасна игра.
На табелата водата Наполи, Аталанта и Милан со по 14 бодови, додека Удинезе и Рома имаат по 13. Емполи остана на 16-то место со четири бодови но сѐ уште е без победа. Последна 20-та е Монца со само еден бод.