Во вторникот околу 9,30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во фабрика во гостиварска Горна Бањица, извршувајќи работни задачи, 52-годишниот Д.М. од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.