-9.2 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2025

Граѓаните на Македонија во банките чуваат над 418 милијарди денари

Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418,644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор.

Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278,469 милиони денари, од нив денарски се 145,806 милиони денари, а во странска валута 132,663 милиони денари.

Кај корпоративниот сектор вкупните депозити изнесуваат 112,505 милиони денари, од кои поголемиот дел се денарски во износ од 79,641 милион денари, а во странска валута 32,865 милиони денари.

Во земјава денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето – 30 Октомври.

Граѓаните имаат доверба во банките, тоа го покажуваат податоците за пораст на депозитите.

На месечна основ во септември бележат раст од 0,7 отсто, што е резултат на зголемување на депозитите на секторот домаќинства при умерен раст на депозитите на корпоративнитот сектор.

Вкупните депозити на домаќинствата, во септември, се зголемени за 1,0 отсто на месечно ниво, главно под влијание на растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен, но помал придонес и на останатите компоненти. На годишно ниво, депозитите на домаќинствата растат за 6,1 отсто, во најголем дел поради зголемувањето на депозитните пари, како и краткорочните
депозити во странска валута, при остварен пад кај останатите компоненти.

Износот на депозити во септември минатата година е 394,472 милиони денари, од кои на домаќинствата биле 262,458 мииони денари, а на корпоративниот сектор 104,178 милиони денари.

Годишната стапка на раст на депозитите изнесува 6,1 отсто при што има раст и кај двата сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Банкарскиот сектор во земјава се оценува како стабилен. Годинава ја одбележа пропаѓањето на Еуростандард банка, на која и беше одземена дозволата во август, но депозитите покажуваат раст и после овој настан, како и во време на здравствената криза предизвикана од Ковид 19.

Штедачите, согласно закон, од пропадната Еуростандард веќе се обештетуваат, а според информациите од некои од банките преку кои се врши овој процес, дел од штедачите одлучуваат да ги дадат депозитите во друга банка.

-Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот. Банките и штедилниците продолжуваат да се грижат за клиентите – штедачите и кредитокорисниците и во услови на ковид-пандемија, оценуваат од Македонската банкарска асоцијација, од каде порачуваат дека силна и независна централна банка е клучен столб за стабилност, раст и развој на секоја економија и претставува јавно добро од висок интерес за секое општеството.

– Во изминатиот период сме сведоци на обиди за задирање во професионалниот пристап на работење на Народната банка. Со тоа се доведуваат во прашање и европските постулати и високите меѓународни стандарди на централнобанкарското работење, коишто се гаранција за макрофинансиската стабилност. Оттука, Македонската банкарска асоцијација во името на сите банки и штедилници во земјата, изразувајќи загриженост од ваквите појави, апелира до сите општествени чинители да не се дозволи да се доведува во прашање поставеноста и начинот на работа на централната банка, коишто во согласност со европските стандарди и регулатива се законски гарантирани, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Оценуваат дека важноста на независноста и професионалноста на Народната банка, постојано се нотирани од меѓународните финансиски институции, како и од Европската Унија. Истовремено, континуирано се високи и позитивни и нивните оцени за остварувањето на целите и задачите на Народната банка, како и за усогласеноста на севкупното нејзино работење со највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Вклучително и во текот на актуелната ковид-криза, кога уште еднаш се потврди дека Народната банка, суштински е стожерот на финансиската и севкупната макрофинансиска стабилност.

Позитивни оценки за банкарскиот сектор имаше и во извештајот на Европската комисија. -Банкарскиот систем останува добро капитализиран и ликвиден, со стапка на адекватност на капиталот којашто го надминува регулаторниот минимум. Квалитетот на кредитното портфолио, според оцените на Комисијата се подобри во изминатиот период, при што е намалено учеството на нефункционалните во вкупните кредити на банкарскиот систем, се наведува во Извештајот.

slot gacor 777 slot gacor maxwin slot mahjong Bocoran Situs Terbaru Tiksujp Slot Toto 4D Slot Hongkong Gacor Maxwin Istanapetir Live Casino Terpercaya Bandar Togel Resmi Situs Slot Gacor 777 Bandar Slot Gacor Maxwin Link Slot Gacor Slot Thailand Gacor Maxwin Slot Thailand Gacor slot maxwin https://likein.id/ Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor Hari Ini Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor 2024 Slot Gacor Gampang Menang Cheat Slot Gacor Istanapetir Situs Slot Gacor 4D Slot Gacor Thailland Istanapetir slot thailand cupangjp Cheat Slot Gacor Maxwin Apk Cheat Resmi Slot Gacor Maxwin Slot Gacor Maxwin 2025 Slot Server Tokyo Link Resmi https://onlineradio.jatengprov.go.id/media/ Slot Tergacor Server Thailand 777 Situs Slot gacor Maxwin Terbaru Slot Jp Maxwin Situs Resmi Thailand Slot Resmi Maxwin Server Thailand SLOT GACOR 777 APK SLOT TOTO 4D https://pertanian.hsu.go.id/vendor/ SLOT GACOR SLOT GACOR MAXWIN 777 slot mahjong ways scatter hitam agen slot gacor 777 slot thailand 777 slot thailand slot gacor slot mahjong ways 777 Situs Tergacor 2025 Agen Slot Gacor Maxwin Mahjong Gacor SlotGacor 2025 https://files.bankneo.co.id/ https://aten.org.ar/ https://ccas.co.id/ https://saburai.id/ https://flowerboxatelier.pl/ https://buletin.nscpolteksby.ac.id/ https://nscpolteksby.ac.id/ https://www.portcoogeevillage.com.au/ https://www.opdagverden.dk/ Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor https://info.syekhnurjati.ac.id/vendor/ https://archvizone.com/ https://www.eductrade.com/ https://www.kalro.org/ https://likein.id/ Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor Slot Demo Slot Gacor Slot Gacor Slot Gacor