Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ посети едно земјоделско семејство во Славонија и се качи на комбајн во знак на поддршка на развој на селото.
-Прв пат во животот видов толку модерен начин на жетва. Досега имам видено само стари начини. Ова беше одлично, изјавила таа симнувајќи се од комбајнот.
-Се надевам дека ова жито ќе остане во Хрватска и дека ќе јадеме леб од хрватска пченица, рекла Грабар Китаровиќ.