Град со големина на јајце во Италија – oштетени автомобили, блокирани патишта…

На северот од Италија денеска беснеше невреме, што попладнево се разви во пороен дожд и град, наведоа италијанските медиуми.

Во текот на попладнево дојде до развој на суперќелии со уништувачка моќ, а најлошо беше во околината на Парма, каде паѓаа големи парчиња мраз, што предизвика огромна материјална штета.

Поради мноштвото уништени и оштетени автомобили, автопатот од Парма кон Пјаченца неколку часа беше блокиран, јавија италијанските медиуми.