Градското собрание на Будимпешта нема да одржува седници во следниот неодреден период, според левичарскиот дневен весник Nepszava, откако градоначалникот на унгарската престолнина ја откажал седницата на градскиот совет закажана за следната седмица, образложувајќи го тоа со вонредната состојба воведена во земјата поради епидемијата од коронавирусот.
Градоначалникот Гергели Карачони ќе добива редовни известувања за состојбата со пандемијата со короанвирусот и ќе донесе одлука кога ќе го своја градскиот совет на Будимпешта, изјавиле од слжбата за односи со јавноста за весникот Nepszava.
Тоа значи дека на неодредено време, унгарскиот главен град нема да го управува градскиот совет, туку самиот градоначалник Карачони кој доаѓа од коалицијата на левичарската опозиција. Партиските советнички групи може да се изјаснуваат за предлозите, но конечната одлука сега ќе ја ности самиот градоначалник на унгарската метропола.
Во Унгарија на сила се е вонредната состојба која ја прогласи владата пред две седмици со заштини мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.