Кризата во Грција ги затвора продавниците во градот Сандански, во југозападниот дел на Бугарија, каде што Грците потрошувачи кои не штедеа.
Градот со 27.000 жители на 20 километри од границата , пред неколку години економски „цветаше” првенствено затоа што жителите на Солун и други градови во северна Грција, масовно за викенд доаѓаа на шопинг , оставајќи значителен износ на бугарскиот пазар на прехранбени производи, облека, апарати за домаќинство.
Грчкото радио Скај пренесе дека за неколку дена од почетокот на 2014 година, затвориле десетина продавници во Сандански , поради банкрот на сопствениците, и на крајот на 2013 пропаднале веќе дваесетина.
Според локалните трговци, економската состојба на градот од година во година е се полоша. Бројот на посетители од Грција, драстично е намален, а оние кои се уште доаѓаат, купуваат многу помалку од порано.
Сандански во времето на војните во Југославија во 90-тите години беше на работ на високопрофитабилни зони во Бугарија за претовар, препакување и “дотерување на документација” на разни стоки чиј што промет во тоа време беше ограничен поради војната и санкциите.