Грчки националисти ги искршиле прозорците од домот на македонскиот свештеник Царкњас

Инцидент во домот на архимандритот Никодим Царкњас, во селото С’ботско, Воденско, македонски свештеник и борец за правата на на Македонците во Грција.

Грчки националисти фрлиле камења врз прозорците на неговиот дом, кршеле јајца на неговиот автомобил и испишале ЕЛЛАС (Грција) на бетонскиот под пред неговата куќа.

Ова не е прв инцидент во кој грчки националисти вршат терор и притисок врз 81-годишен старец кој целиот свој живот го посветил на борбата на Македонците во Грција за зачувување на својот идентитет.

Ниту еден претходен напад врз Царкњас не е расчистен од грчките органи на редот.