Во Грција во последното деноноќие се регистрирани десет нови случаи на Covid-19, што е најмал број во изминатите 40 дена, додека, пак, како последица од заразата со новиот тип коранврисут почунале уште шест пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 2.245 позитивни случаи на коронавирусот и вкупно 116 починати лица, според податоците објавени од претставникот за кризата со коронавирусот при грчкото министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас.
На апарати за вештачки дишење и реанимација приклучен е 61 пациент, а 44 лица биле отпуштени од одделите за интензивна нега.
Во текот на неделата, министерството за здравство на Грција не соопшти податоци за ситуацијата со коронавирусот во земјата, а до саботата беше соопштено дека биле анализирани 53.290 примероци. Во понеделникот, пак, професорот Циодрас соопшти дека досега се направени анализи на 54.344 примероци.