Грција не ја исклучува можноста дека нема да ја отвори границата за македонските граѓани

Грчкиот министер Јоргос Герапетрис изјави дека не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Северна Македонија да не биде отворена ниту на 15 јуни. Во интервју за Радио Солун, министерот во кабинетот на премиерот,  Герапетрис на прашањето во врска со зголемениот број случаи на коронавирус во Северна Македонија изјави дека “Навистина имаме отежнувачки индикатори.

Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Северна Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај.“

Грчкиот министер Гераптерис потсети и дека Северна Македонија прва ја затвори границата со Грција, а потоа тоа го стори и грчката страна.