Грчка фирма ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

Грчката компанија „Полиеко“ е ангажирана да ја исчисти малата депонија со линдан во кругот на ОХИС и опасниот отпад да го изнесе надвор од земјата. Ова вчера го обелодени министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини при набројувањето на активностите што се преземени од ова министерство во изминатите 100 дена и она што се планира во наредниот период.

-Потпишан е договор со избраниот понудувач за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС и третман надвор од нашата држава, истакна Нуредини.

Договорот со „Полиеко“ го склучила Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, откако грчката фирма беше избрана на меѓународен тендер како најповолен понудувач. Теренските подготовки се во тек и се очекува санацијата на малата депонија со линдан да трае две ипол до три години. Во насока на тоа, започнат е и процесот на одобрување на деталниот план за ремедијација и обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен. Наскоро треба да се знае и која технологија ќе биде користена за отстранување на опасниот инсектицид.

Тендерот се однесувашe само за отстранување на 6.600 тони депониран материјал од малата депонија, од кои 1.600 тони се висококонцентриран отпад, а останатите 5.000 тони се земја со која бил измешан линданот.

Досега се обезбедени неповратни финансиски средства од ГЕФ – Глобален еколошки фонд за само една третина од работите за чистење на линданот од малата депонија. Преостанатите две третини од парите треба да ги обезбеди Владата. Успешното завршување на овој проект е тест за Владата, но и знак за донаторите кои треба да дадат пари за чистење на големата депонија со линдан која е многу поголем проблем од малата.

Двете депонии со линдан (мала и голема) се наоѓаат на само стотина метри од многу прометниот булевар „Борис Трајковски“. Јавноста лани за првпат слушна колку е опасен линданот, кој експертите и докторите го нарекуваат „тивок убиец“ бидејќи е голем загадувач на почвата и на подземните води.

Повеќе во сторијата на „Вечер