Грција спаси 2.492 бегалци, 2.500 пренесени во Пиреја

Грција спаси 2.492 бегалци. Бегалците се спасени викендов од страна на грчката крајбрежна стража, во 70 спасувачки операции кај источните острови Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Фармакониси, Кос и Сими, пренесува Танјуг повикувајќи се на соопштение од грчките власти.

Во соопштението се наведува дека се спасени уште 13 лица кои биле воочени во водата во близина на островот Хиос, од кои едно лице било пронајдено во бесознание и префрлено во болница, иако не е јасно како тоа лице завршило во вода.

Грција спаси 2.492 бегалци, 2.500 се пренесени во Пиреја

Со траектот што грчката влада денес го изнајми, околу 2.500 бегалци од островите Кос и Лезбос биле префрлени во главното пристаниште Пиреја, во близина на Атина.

Со траект околу 2.500 бегалци од островите Кос и Лезбос биле префрлени во главното пристаниште Пиреја.
Со траект околу 2.500 бегалци од островите Кос и Лезбос биле префрлени во главното пристаниште Пиреја.

Многу е лошо во Митилена. Јас останав пет дена на улица. Нема храна, нема ништо, вели Сириецот Мохамед додека се симнувал од траектот.

Друг Сириец, по име Башар изјавил дека ситуацијата не била толку лоша, но дека голем број луѓе од други земји тврдат дека се Сиријци, за автоматски да добијат статус на бегалци и да го користат тој (повластен) третман.

Мигранти се упатуваат од Турција кон островот Кос, фото: АП
Мигранти се упатуваат од Турција кон островот Кос, фото: АП

Грција е преплавена со рекорден број бегалци од кои поголемиот број се од Сирија и Авганистан, кои до источните грчки острови пристигнуваат преку Егејското Море од турскиот брег.

Годинава во Грција пристигнале повеќе од 200.000 мигранти и мал број од нив изразиле желба да останат во земјата. Речиси сите од нив понатаму преку Македонија, Србија и Унгарија се упатуваат кон побогатите европски земји.