Со пароли „НЕ“ за изградба на џамија во Атина неколку стотини приврзаници на Златна зора демонстрираа во центарот на Атина за да ја спречат изградбата на џамијата.
Минатиот месец, по цели 13 години од одобрението за градба, беше избран изведувачот на проектот, откако пет пати пропаѓаше јавниот повик поради противење на граѓаните. Според планот, џамијата ќе биде без минаре за да не се предизвикуваат дополнителни тензии меѓу населението.
Златнозорците и нивните приврзаници на протестот скандираа против Турција, додека шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутоглу беше во официјална посета на Грција.