Грците велат НЕ за Република Илинденска Македонија

И покрај надежите изразени од страна на американскиот потпретседател Мајк Пенс дека Грција и Македонија се соочуваат со историска шанса за решавање на спорот за името „Македонија“, Атина го отфрли предлогот на Македонија – „Република Илинденска Македонија“, како компромисно решение, пишува Неоскосмос.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави дека нема да се согласи со ова конкретно име бидејќи имплицира територијални претензии кон Грција.
Лидерите на Нова демократија, Движење за промени, Потами и комунистичката партија КПГ, сите го отфрлија предлогот на премиерот Зоран Заев, согласувајќи се дека е иредентистички, објави Катимерини.

Наводно, Илинден однесува на анти-нацистичкото востание на Балканот во 1944-та , што говорат за обединување на географската област Македонија што вклучува делови од Грција.

„Грција сака да продолжи да работи со Македонија да се најде заеднички прифатливо сложено име со географска или временска одредница што ќе биде за севкупна употреба (ерга омнес).  А решението, треба да вклучи уставни промени со што би се исклучиле територијални претензии кон Грција, треба да биде врз основа на пакетот на предлозите поднесени од специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, стои во соопштението од кабинетот на Ципрас.

Имињата Претходно изнесен од страна на ОН, се Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia), Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia), Република Горна Македонија (Republic of Upper Macedonia), Република Вардарска Македонија (Republic of Macedonia of Vardar) и Република Македонија (Скопје) [Republic of Macedonia (Skopje)].

Ние сме во клучна точка на преговори, ја браниме националната линија со претпазливи и одговорни чекори.  Работиме за решение што нема да биде кревко и нема да пропадне за неколку месеци и нема да влијае на достоинството и историјата на двата народи, заклучи Ципрас.