Грчки граѓани: останете подалеку од бандата наречена ЕУ

Грчки граѓани: останете  подалеку од бандата наречена ЕУ
Банките под клуч, а пред банкоматите редици граѓани, ова е денешната слика во грчката престолнина на која што и претходеше одлуката за распишување референдум на кој што грчките граѓани ќе одговорат дали се за или против новите мерки за штедење кои што ги барааат меѓународните кредитори.
Според анкетата што Нетпрес ја спроведе во грчката престолнина попладнево се чини дека повеќето Грци ќе кажат ОХИ на условите што ги бараат меѓународните кредитори.
 Мислам дека е неопходно да имаме референдум, затоа што живееме во катастрофа. Никогаш не сум видел ваква ситуација со ова што тие го предлагаа. Мислам на оваа банда ганстери од Европа. Не знам дали се ганстери, но сигурно е дека се однесуваат така. Останете подалеку од Европската Унија, тое е една банда, вели еден постар Грк за Нетпрес.
 Мислам дека мерките што ги предлага Европа не се добри за нас, вели друг.
 Велам не за мерките. Мислам дека не се добри,  вели еден млад Грк кој што го затекнавме на работното место во една кафетерија.
 Не мислам дека мерките за штедење се толку лоши за нас. Мора да платиме, имаме проблеми со економијата, нашите политичари се глупави, па мора да платиме за оние работи што ги бараат од нас,  изјави една госпоѓа.
Грчката Влада донесе одлука банките да останат затворени до оддржувањето на референдумот в недела, 5 јули, а воспоставена е и т.н. контрола на капиталот, со која што износот на средства што имателите на платежните картици може да го вадат се ограничува на 60 евра од ден.
Сепак, сето ова не важи за туристите и останатите во Грција кои што се иматели на дебитни или кредитни картици кои што се издадени во странска земја. Единствениот проблем со кој што тие би можеле да се соочат се испразнетите банкомати.
Во однос на плаќањето за стоки и услуги, највите се дека и натаму ќе се прифаќа електронско плаќање.
Со цел намалување на проблемите на граѓаните на грчката престолнина, минситерството за транспорт и врски донесе и одлука јавниот превоз од денеска па до оддржвањето на референдумот да биде целосно бесплатен.
Во синоќешното обраќање до нацијата, премиерот Алексис Ципрас уште еднаш ги обвини меѓународните кредитори дека имаат за цел да го уценуваат грчкиот народ и да ја опструрираат демократската процедура наречена референдум.