Грчки медиуми тврдат дека нацрт-спогодбата за името е подготвена

Нацрт-спогодбата е подготвена, има околу 20 страници и се наоѓа во рацете на Алексис Ципрас, објави грчкиот информативен портал Иефимерида.

Новинарот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека нацрт спогодбата не ги содржи само грчките позиции, туку ги зема предвид и позициите на другата страна, а откако дипломатскиот документ ќе добие зелено светло од грчката влада, ќе биде доставено до македонската страна.

„Според ексклузивни информации на Иефимерида за составување на дипломатскиот документ, потребни беа многу работни часови, додека првиот и последниот збор го имаше лично Никос Коѕијас кој во изминатиот период ги интензивираше дипломатските напори и веројатно набргу повторно ќе го посети Скопје со авион што ќе слета на веќе преименуваниот аеродром“, еден од спомениците.

Иефимерида наведува дека дополнително и премиерот Заев, во секое негово јавно излагање ја повторува волјата на владата да направи чекори кон решение.

Сепак, според порталот, она што ја загрижува грчката страна, не е толку позицијата на македонската страна, туку позицијата на коалицискиот партнер Панос Каменос.

На почетокот од седмицава грчката телевизија Алфа, повикувајќи се на свои владни извори ојави дека започнува „клучната седмица“ за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна. Во прилогот беше наведено дека и шефо на грчката дипломатија во Скопје ќе го донесен предлогот чиишто детали биле договорени.

Според телевизијата, во нацрт-спогодбата од грчка страна, освен името, вклучени ќе бидат и промените во Уставот што Атина ги бара од Скопје за „отстранување на иредентизмот“.