Грчките увозни компании решија да го плаќаат рускиот гас во рубљи

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас ја прифатија нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубљи и нема да има прекини во снабдувањето, пренесуваат странски агенциите. Според „РИА Новости“, сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлиле кон новиот начин на плаќање на „Гаспром“.

Изворот за агенцијата навел дека рокот за плаќање за испорака на гас е 25 април и дека затоа е неопходно парите да се уплатат на посебна сметка на 23 мај, бидејќи конверзија во рубљи и префрлање пари од една сметка го продолжува рокот за еден до два дена.

„Потребни се два дена за да се претворат во рубљи и да се префрлат пари од една на друга сметка. За да се направи ова, плаќањето во евра треба да пристигне на 23 мај“, објаснил тој.

Во Грција, трите главни увозници на руски природен гас се „ДЕПА Комерц“, „Митилинеос“, „Прометеј Гас“, пренесува агенцијата.

Според изворот, сметките се отворени, а процесот на плаќање е во тек, пишува медиумот.

Коментирајќи ги објавите на грчкиот печат дека во случај на прекин на испораката на руски гас, грчките власти ќе бидат принудени да ја исклучат електричната енергија поради недостаток на капацитет, соговорникот на агенциите изјавил: „Нема да има прекин на залихите, сѐ е во ред“.