Грковска, со оглед на фактот што го водите ресорот и сте заменик на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, односно поедноставно кажано за ценетите читатели, сте за борба против криминалот и корупцијата на поставени владини функционери, министри, комисии, па така за неполн месец дена Ви доставив преставки за сомнеж за злоупотреба на службена должност.
Првата преставка е доставена на ден 19.09.2022 година, преку архивата на Владата, а се однесува за владин функционер кој во службени простории во МВР спроведува настава и испити. За ова зошто молчи министерот Оливер Спасовски или затоа што е од Куманово? Наместо да добијам одговор г-ѓа Славица Грковска има молк?!
(види поопширно: Моќта на владината функција наспроти моќта на законот во хибридниот режим на СДМ)
Втората преставка ви е доставена на ден 27.09.2022 година, преку архивата на Владата, а се однесува за злоупотреба на службена должност и овластување, односно одговорност на владини функционери. Политичката одговорност е најсериозна брана против корупцијата во конкретниов случај на образовниот криминал и корупција во високото образование, поконкретно кажано, да знаат моите читатели и македонската јавност и пошироко:
- Работата на Инспекцискиот совет, тело на Владата на Република Македонија, дали ги проверуваат фиктивните записници на инспекторите во високото образование,
- Дали на секој факултет се вработени најмалку 10 лица кои се избрани во наставно-научни звања, согласно член 61 став 3 од Законот за високо образование…
- Работата на директорот Агим Рушити владин функционер Агенција за квалитет на високото образование. Дали за работно време извршува дополнителна дејност- испити, спроведува во просториите на Агенцијата, и кога извршува дополнителна дејност на Педагошкиот факултет – Скопје (математика)…
- Зошто директорот Агим Рушити ги сокрива скандалите и корупцијата во високото образование на Универзитетот во Тетово, Универзитетот во Струга,Универзитетот „Мајка Тереза’ – Скопје…
(види поопширно: Корупција во високото образование и нејзината опасност за демократијата)
Скандал мајката член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка ја брани ќерката вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
Ова комисија е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциски постапки како по жалби, против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кои со закон е пропишано да одлучуваат во прекршочна постапка. Во постапки за решавање по жалби Државната комисија за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка ги применува одредбите од Законот за општа управна постапка, Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци доколку со овој или друг закон поинаку не е уредено.
Ова комисија наместо да постапува професионално постапува политички.
Имено, по поднесена моја преставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) заведена под бр.ИП1.бр.1248 од 26.10.2021 година, а во врска со незаконски избори во наставно-научни и соработничики звања на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, од страна на ДПИ е извршен вонреден инспекциски надзор, констатиран со Записник бр.09-1348 од 14.12.2021 година, со кој се констатирани неправилности и недостатоци во постапките за избор во наставни-наставно-научни и соработнички звања кај 20 (дваесет) избрани лица, меѓу кој е и ЕДИНА ВИНЦА (асистент-докторанд) ќерка на НЕЖДЕТ ВИНЦА (дипломиран електроинжињер од Струга) член на Државната комисија за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Дали има судир на влијание и интереси!!! Еве зошто има. По констатираните незаконитости, ДПИ согласно Законот за инспекциски надзор носи Решениебр.09-1348 од 22.12.2021 година и изрекува мерка ОПОМЕНА на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, како правно лице, и одговорното лице во правното лице да бидат остранети неправилностите и незаконитостите во работењето на Универзитетот. Од страна на Државниот просветен инспекторат доставен е предмет: Известување бр.09-1348 од 15.02.2022 година, во кое рокот (согласно ЗОУП) за постапување по дадените мерки со решение е продолжен за временски рок од 60 дена. По овие 60 дена, ДПИ врши контролен инспекциски надзор и се констатира дека Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, не го почитува издаденото Решение бр.09-1348 од 22.12.2021 година, да бидат остранети неправилностите и незаконитостите во однос на изборот на наставно-научни, наставни и соработнички звања. И во точка 4 од истото Решение стои дека: Жалбата изјавена против ова решение не го одлага неговото извршување. И покрај ова се вршат политички притисоци (ДУИ) врз Државната комисија за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и со Решение ИП2бр.09-83 од 14.09.2022 година, жалбата на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје се уважува. Решението на државните просветни инспектори при ДПИ бр.09-1348 од 27.05.2022 година, се поништува и предметот се враќа на повторна постапка пред првостепениот орган. Политичка одлука на Второстепената комисија. Скандал. Грковска овие се владини преставници!
Кој е Претседател и членови за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка истата е избрана преку комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија, каде мнозинството членови се од политичките партии СДСМ и ДУИ, и нормално се предлагаат партиски кадри и тоа: Претедател на Комисијата Елизабета Русеска, дипл.правник од Охрид, член на СДСМ, Ристана Лалчевска член на Либералната партија, член Искра Давитковска Костовска од Скопје, таа работела на „правни работи и уредување на весник“ во Здружението на возачи, што исто така ни од далеку не одговара на тоа што ќе го работи како член на второстепена комисија, Неждет Винца (ДУИ) електроинжињер (наместо правник не исполнува основни услови, но е важно дека била екс директор на ЕВН Тетово), таа влијае за нејзината ќерка врз своите колеги од Второстепената комисија и Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, Шефки Јашари од Кичевско (ДУИ), и Мирјана Панајотова и Ѓорѓи Чукарски од Струмица (двајцата од СДСМ). Како што стои по порталите, дел од комисијата не ги исполнуваат основните услови пропишани со закон. Според пишувањата во македонските портали, стои дека: Мирјана Панајотова била предлог зад кој застанала генералната секретарка на Собранието на Македонија Цветанка Иванова, а со амин на Зоран Заев, кој во ова комисија го предложил и вториот струмичнец Ѓорѓи Чукарски, кој работел во Управниот инспекторат и во Министерството за информатичко општество како инспектор за Струмица и околните општини. Како што наведов на листата на членови на комисијата се најде струмичката правобранителка Мирјана Панајотова, поранешна колешка на Цветанка Иванова, сегашен секретар на Собранието кога била јавен правобранител во Струмица. Панајотова, која сега е советник во струмичкото државно правобранителство, била една од обвинетите во случајот „Јака Табак“, каде што била обвинета заедно со екс директорот на Бирото за стокови резерви, со струмичка судијка на „Јака Табак“ дека нанела штета на Бирото за стокови резерви, односно државата со отпишување и обезвреднување на тутун од стоковите резерви. Подетално за нејзе може да се најде во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред судот во Скопје.
Што се очекува од ваква комисија, какви одлуки или решенија ќе носи законити или политички! Грковска вие сте на потег, да реагирате на вашите поставени владини лица во оваа комисија. Секако ќе се достави преставка и до сите надлежни инстититуции, како и до амбасадите во Македонија.
Од напред наведеното, Државната комисија за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, претседателот на комисијата Елизабета Русеска и изготвувачот и лицето кој го одобрил решението, Шефки Јашари, извршуваат злоупотреба на службената положба, со непочитување на законитоста, односно постапката по Законот за општа управна постапка, како и Законот за високо образование.
За ваквата незаконитост запознати ќе бидат домашни и сите странски институции, како и срествата за јавно информирање. Комисијата работи политички и под директива на извршната власт.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес