Груби: Наскоро гувернер Албанец

Артан Груби, секретарот на ДУИ, синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 откри дена наскоро првиот човек на Народна банка ќе биде Албанец.

Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец,  така ќе успееме да имаме и Гувернер – рече пратеникот додека дебатираше со Арбен Таравари, секретарот на Алијансата за Албанците.

Ова Груби го изјавио во контекст на претстојните претседателски избори и заедничката поддршка на ДУИ и СДСМ на кандидатот Стево Пендаровски.

Како што наведе тој, принципот на консензуалност ќе доведе до тоа гувернер на НБРСМ да биде Албанец.