Груевски: Не дозволувајте тимот кој победува да се менува

Премиерот Никола Груевски, вечерва од кумановчани побара да не дозволат тимот што победува да се смени. Добрата соработката со Иванов, Груевски ја посочи како важен предусслов за успех и единство во државниот врв, а се’ во интерес на просперитетна и напредна Македонија.

„Иванов беше претседател кој знае да се бори за интересите на земјава, неуморен во борбата да стигне секаде и кај секого кој со нешто може да и помогне на Македонија. Активен надвор и присутен внатре во земјата. Покажа огромна упорност кога требаше да се бранат националните инетереси, да се брани вистината за Македонија. Иванов и во овој период покажа дека е силен индивидуалец, но покажа дека може да биде и дел од тим, бидејќи ние работиме како тим состаен од силни индивудуаллци. Ние гледавме да создадеме дела и да решаваме проблеми, затоа овој тим нижеше успеси. Со Иванов имавме одлична координација. Се обидоа да го извадат од колосек со погрдни изрази. Да го срушат неговиот кредибилитет, да го втурнат во расправии и кавги со Владата. Тој стабилно набљудуваше и чекорше по својт пат, како најдобро да и’ помогне на Македонија, а тоа е со многу работа, чесност и во координација со сите во Владата“.

ivanovytety

Утре во 20 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „За подобра Македонија“ официјално ќе ја започнат кампањата за предвремените парламентарни избори.

Груевски од Куманово ја најави новата програма за наредните четири години, во која се предвидени нови 2.046 роекти.

„Од утре ќе разговараме за конкретни дела, тука е нашата сила, тука е нашата моќ. Вашата доверба нема никогаш да ја прокоцкаме. Најголемиот проблем е невработеноста и токму на тоа ќе останеме најмногу фокусирани. Тоа е нашата цел. Опозицијата повремено кога оди кај земјоделците критикува дека понекогаш субвенциите доцнле. Сега може да се случи да доцнат, но, во нивно време немаше никакви субвенции“, рече Груевски.