Груевски: Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта

дуи

Премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање при посетата на Дојран изјави дека проектот за експресните патишта се одвива одлично. Тој информира дека на дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза.

Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра
Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра

Премиерот најави дека следниот месец започнува темелната реконструкција на патот Гевгелија – Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ќе бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември – декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско – Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце до Крива Паланка.

Во првата половина на следната година треба да започне и градбата на патот Охрид – Пештани и патот Кочани – Штип со четири ленти, како и патот Радовиш – Штип исто така со четири ленти, рече Груевски.

Во моментот во длабока фаза на проширување е и регионалниот пат од Велес до Штип кој треба да премине во експресен пат.

Сите овие проекти вредат околу 276 милиони евра, значајни средства за околу 126 километри пат коишто ќе бидат од голема корист не само за граѓаните од тој регион, туку за цела држава затоа што тоа се патишта по кои патуваат луѓе од целата држава, а исто така и странци, оцени премиерот Никола Груевски.

lekari_1При посетата на Дојран, премиерот Груевски исто така информира и дека нови лекари и друг медицински персонал ќе бидат испратени на обука во реномирани странски клиники, со што бројката ќе се искачи на вкупно илјада лекари оваа година.

Исто така линијата за медицински совет Ало докторе се засилува со нови дваесет и пет лекари кои секој ден 24 часа ќе бидат достапни за медицински совет за граѓаните од сите делови на земјата.

 

 

Имено сообраќајот на патиштата низ земјава денес се одвива со зголемен интензитет. Од АМСМ, нагласуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.