По неуспешните преговори во Брисел премиерот Никола Груевски истакна дека Зоран Заев пристигнал таму за да НЕ се договори. Тој посочи дека целта на опозицискиот лидер е договор да не биде постигнат и цела работа да се одолговлекува.
-Целта на Заев е да живееме во Македонија сите како заложници негови, цела држава, два милиони луѓе, чекајќи да се разреши некаква криза. Да почне да тоне економијата, а избори да нема. Затоа што ќе ги изгуби изборите, тој тоа го знае, истакна премиерот.