Губењето на мирисот кај Covid-19 се јавува пред температурата

Многу луѓе во светот во текот на пандемијата на коронавирусот наидуваа на контролни пунктови на работа или во здравствени установи кои не можеа да ги минат без мерење на телесната температура и одговор на прашањањето дали патувале некаде или биле во контакт со заразено лица, но иако не се бескорисни овие постапки имаат недостаток, бидејќи кај многумина заразен не се јавува температура или таа не е првиот симптом, а многумина и не знаат дали биле во контакт со заразено лице.

Ненси Равсон, билог и потпретседател на „Monell Chemical Senses Center“, смета дека би било подобро да се мери способноста на сетилото за мир за да се утврди кого треба да се испрати на тестирање на новиот коронавирус.

Новата анализа за коронавирусот утврдила дека кај 77 отсто од заболените од Covid-19 со тестирање е утврдено делумно или целосно затајување на сетилото за мирис. Од тоа 44 испитаници биле свесни дека го изгубиле чувството за мирис и без тестирање.

Губењето на чувството за мирис со воспаление на грлото, исто така, е еден од најраните симптоми, што го прави полезна „алатка“ од подоцнежните симптоми во осигурувањето на заштитата на другите лица од зараза, вели Равсон.

„Тое е еден од најраните симптоми и секако доаѓа пред зголемената температура. Губењето на чувството за мирис самиот посебе подобро ја предвидува дијагнозата од зголемената температура“, вели Равсон, Губењето на вкусот, исто така, може да се случи, но е помалку често и често е поврзано со губењето на мирисот.

Равсон вели дека интересот кој го предизвикува губењето на чувството на мирис ги надминува рамките на дијагностичките потреби: во пандемијата без чувството за мирис би можело да останат и до 750.000 Американци, и тоа има големо влијание врз нивната сигурност и квалитетот на живот.

Вели дека самата таа на веќе еден месец секоја вечер го тестира својата сопствена чувствителност на мирис и учествува во студијата за новиот систем за скрининг кој може да доведе до поголема клиничка студија.

Тестот се состои од три ленти од кои две немаат никаков мирис, а третата содржи познати мириси на кафе, чоколада, пуканки и гас. Испитаниците мора да одредат која од лентите содржи мириси, за кои мириси станува збор и со кој интензитет се.

Равсон вели дека веќе може да замисли дека поголемите работовадачи да воведат тест за чувството за мирис и дека цената на еден ваков тест би можела да биде еден долар, а луѓето кои овој тест ќе ги издвои како суспектни потоа би биле упатени на поскапо тестирање на коронавирусот.

За оние кои дома ќе си го тестираат мирисот, Равсон вели дека на располагање им стојат бројни производи како кафе, парфеми, босилек, рузмарин, паста за заби со мирис на ментол или кармин.

Чувството за мирис може да биде нарушено кај лица со Паркинсонова или Алцхајмеровата болест, па ваквите такви тестови би можеле да ги поттикнат лекарите да ја испитаат и можноста од постоење на невродегенеративни болести.

Губењето на сетилото за мирис се појавува и при грип, но не така често колку кај Covid-19 и на околу 60 отсто од заболените од грипот им се враќа чувството за мирис. Равсон очекува и слично ниво на опоравувањето и кај заболените со коронавирусот.

Равсон предупредува дека губење на мирисот го намалува задоволството од јадење и дека може да води до потхранетост. Исто така, поради губењето на мирисот луѓето не може да ги препознаат расипаната храна или истекувањето на гас во домаќинството.

Изненадувачки е тоа што луѓето кои го загубиле чувството за мирис често зборувале дека имаат чувство за помала поврзаност со другите.

„Се чини дека постои хемиска комуникација меѓу луѓето којашто е под прагот на свесноста“, вели Равсон и додава дека мирисите се важни, бидејќи често будат и сеќавања.

Равсон, исто така, вели дека засега нема начини за лекување губењето на мирисот.