Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, изјави во дека е „длабоко загрижен“ откако во петокот во Либија се сретна со командантот маршалот Халифа Хафтар чиишто сили во четвртокот тргнаа во напредување на Триполи, седиштето на меѓународно признаената влада.
Нападот на Либиската национална армија (LNA), со којашто командува Халифа Хафтар кој во 2011 година се врати од егзил, која е сојузничка на паралелните власти чиишто седиште е во источниот град Тобрук, претставува опасно разгорувње на борбата за превласт откако со бунтот од ткн Арапска пролет во 2011 година поддржана од Западот, беше соборен и ликвидиран деценискиот челник Моамер ел-Гадафи.
„Ја напуштам Либија со тешко срце и длабоко загрижен. И натаму се надевам дека е можно да се избегне крвав судир во и околу Триполи. ОН се доследни на изнаоѓање политичко решение и, што и да се случи, на поддршка за либискиот народ“, напиша на својот профил на Twitter, Антониот Гутереш.
Телевизијата Al Arabiya пренесува дека Хафтар на Гутереш му рекол дека операцијата на неговите сили ќе продолжи до „потполно пораз на терористите“ од Ал Каед, Исламската држава и Муслиманското братство за кои фелдмаршалот тврди дека се сојуници на владата во Триполи.
Се проценува дека со заземањето на поранешната единствена либиска престолнина Триполи, Хафтар ќе постигне голем успех за неговата влада која го контролира истокот на земјата. Пред пет години под негова команда се собраа поранешните офицери и војници кои го кренаа бунтот против Гадафи и во тригодишната битка тој успеа да го заземе Бенгази, најголмиот град на истокот на земјата кој беше центарот на бунтот против Гадафи. Оваа година војските на Хафтар го проширија своето влијание на југот од Либија, кој е богат со нафтоносни полиња.
Новата ескалација на судирите ја изненади меѓународната заедница и ОН,. Гутереш претходно седмицава престојуваше во Триполи за да помогне во организацијата на националната конференција за помирување, која беше планирана да се одржи подоцна во април.
Меѓутоа, силите нa LNA во четвртокот го освоија градот Гарјан, на 80 километри јужно од Триполи, а во петокот аеродромот крај главниот град, по судирите со силите верни на премиерот Фајез ал-Сераџ, кого го поддржуваат ОН. Потоа тргнаа кон северот и стасаа на околу 40 километри од Триполи, тврдат извори од Тобрук. Но не успеале да ја освојат контролната точка на околу 30 километри западно од престолнината со што би го затвориле крајбрежниот пат до Тунис.
Војската која е верна на владата во Триполи, во Завија, западно до престолнината, притворила 145 борци на LNA открил командантот на силите од западот Мохамед Алхудаир, а потврдиле извори од силите на истокот. Притоа биле запленети и 60 возила. Истовремени групации кои се сојузници на владата во Триполи од крајбрежниот град Мисрата го пренеле вооружувањето во главниот град за да ја засилат одбраната од силите на Хафтар.
Гутереш поголемиот дел од вечерта во четвртокот го минал во силно утврдениот комплекс на ОН во предградие на Триполи, а потоа одлетал во Бенгази и дошол во базата на Хафтар. Претходно престојувал во Тобрук, каде што се сретнал со Агуил Салех, претседател на Претставничкиот дом кој е сојузник на Хафтар. Салех во четвртокот на поздрави офанзивата,
По средбата со Гутереш, портпаролот на Салех откри дека разговарале за начините за запирање на кризата и претстојната конференција, но не откри детали. „Мојата цел останува иста: избегнување воен судир. Повторувам дека не постои воено решение за либиската криза, само политичко“, напиша претходно на Twitter челникот на светската организација.
Новата ескалација на либиската криза претставува пораз за ОН и Западот кои се обидуваат да посредуваат во постигнувањето примирје мечу Сераџ и Хафтар кои во март се сретнаа во Аби Даби на преговорите за поделба на моќта. Со националната конференција би требало да се склучи договор за одржување избор за да се стави крај на нестабилноста во Либија, која е голем светски произведувач на нафтра и последните години најактивна транзитна точка за имигрантите кои ја минуваат Сахара на патот кон Европа.
Хафтар ја има поддршката од Египет и Обединетите Арапски Емирати кој го сметаат за брана од исламистите и му даваат воена поддршка, според извештаите на ОН. Меѓутоа, Емиратите им се придружија на западните сојузници поради судирите. Велика Британија и Германија повикаа на вонредна седница на Советот за безбедност при ОН, а Русија објави дека и покрај написите во западните медиуми, не ги помага силите на Хафтар и се залага за политичко решение. Во меѓувреме Тунис ги засили контролите на својата граница со Либијка, а министерството за внатрешни работи на Италија објави дека постои голема загриженост поради развојот на настаните во оваа поранешна италијанска колонија.