Гватемала е втората држава која својата амбасада во Израел ја пресели во Ерусалим, два дена откако тоа го сторија САД што предизвија гнев од страна на Палестинците и критики од меѓународната заедница.
На отворањето на абасадата на Гватемала во средата во Ерусалим присуствуваше претседателот Џими Моралес придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не е случајно што Гватемала ја отвора амбасадата во Ерусалим меѓу првите. Секогаш бевте меѓу првите. Бевте втората земја која гио призна Израел“, му кажа Нетанјаху на Моралес.
Претседателот на Гватемала изјави дека неговата земја, Израел и САД „споделуваат пријателство, храброст и доследност“. Гватемала беше една од ретките земји која ја поддржа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за израелска престолнина.
Парагвај, според најавите, би требало да биде третта дрежава којашто од Тел Авив ќе ја пресели во Ерусалим, до крајот на месецот.
„Гватемалската влаа одбра да биде на погрешната страна од историјата, на страната на кршењето на меѓународните закони и човековите права“, рече палестинскиот функционер Саеб Ерекат.
Статусот на Ерусалим е најспорното прашање во израелско-палесинските преговори и главна пречка за постигнување мировен договор. Двете страни го сакаат за свој главен град, Израел целиот, а Палестинците неговиот источен дел. Меѓународната заедница не го признава израелскиот суверенитет над целиот Ерусали, сметајќи дека источниот дел од Светиот град е окупирана палестинска територија во ткн Шестдневната војна од 1967 година.