
Членовите на иранската група „Татковинска правда” продолжуваат со објавување податоци од кибернетичките напади на владини институции и банки во Албанија.
Доцна попладнето на нивната страница се објавени банкарските сметки на правни и физички лица.
„На табелата се прикажани името на субјектот, бројот на сметката, моменталната состојба на пари што ја имаат во банката, како и други податоци“, известува сајтот на албанската телевизија Ora News.
Според истиот извор, тоа што паѓа в очи е сметката на владејачката Социјалистичка партија.