Портпаролот на Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, Ашраф ал-Кидра изјави дека Израел започнал „масовен упад“ во болницата Насер во Кан Јунис со тешки престрелки во кои се ранети многу од раселените луѓе кои се засолниле таму.
Тој вели дека војската им наредила на медицинските лица да ги преместат сите пациенти во постара зграда која не е соодветно опремена за нивно лекување.
ИДФ соопшти дека има „веродостојни разузнавачки информации“ дека Хамас држел заложници во болницата и дека заложниците можеби сè уште се внатре.
Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари, рече дека силите спроведуваат „прецизна и ограничена“ операција таму и дека нема насилно да ги евакуираат медицинските лица или пациентите. Израел го обвинува Хамас дека користи болници и други цивилни структури за да ги заштити своите борци.
Претходно, официјални лица од болницата соопштија дека најмалку седум пациенти биле погодени од израелски оган, при што еден загинал, а биле ранети уште шестмина.