Британскиот министер за финансии Филип Хамонд рече во средата дека Велика Британија веројатно ќе сака да преговара за посебно решение за идниот трговски договор со Европската унија, а не за копија на постојните договори, како оној меѓу Канада и ЕУ.
Европската унија во петокот прифати во разговорите за Брегзит да премина не преодниот договор и прашањето на трговските односи.
Министерот за финансии Филип Хамонд во текот на посетата на Кина, во Пекинг изјави дека веројатно нема да помогне да се размислува за веќе готовите модели како што е договорот меѓу Канада и Европската унија.
„Ние имаме ниво на интеграција во трговијата со 27-те членки на ЕУ која не може да се спореди со ситуацијата на кој и да е друг трговски партнер со кој ЕУ претходно склучила трговски договор“, рече Хамонд.
„Оттаму, најверојатно ќе сакаме да преговараме за специфични, посени решенија. Така што очекувам дека ќе развиеме нешто што не е ниту канадскиот, ни ЕЕА (Европски економски простор) модел, туку нешто темелено на силата на нашите постојни односи“, додаде британскиот министер за финансии.