Еврокомесарот Хан, побара целосно расчистување на корупциските скандали, додавајќи дека веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.
Сите политички партии треба да покажат отвореност за соработка и да бидат фокусирани на октомври и добивањето на датум за почеток на преговори, порача Хан.
Хан ги повика сите политички фактори да се фокусираат на октомври и да ги направат, како што се изрази, малите чекори за нив, но големми за државата.
Корупцијата и оранизираниоt криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата.
Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, рече еврокомесарот Хан, изразувајќи надеж дека тогаш Македонија би можело да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Хан изрази жалење за протпуштената можност во јуни, но како што рече, потребно е да се продолжи со реформите.
Освен со Заев, комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, денеска во Скопје ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.