Тој, исто така, за едно радио рекол дека веќе праќа понуди и до 3,5 милиони американски долари до тимот на војводата и војвотката од Сасекс, тврдејќи дека тие се подготвени на тоа „да играат игри”. Тој изјавил и дека Меган планира да го мине летото во Лос Анџелес.
„Ќе ја направиме 100 пати поголема од Ким Кардашијан, а ние ја направивме и Ким”, наведува Хасан, кој за свои клиенти ги има и Џенифер Лопез и Парис Хилтон.
„Ви велам, тие ќе станат бренд од повеќе милијарди. Само гледајте”, рекол тој во „Крис Фејд Шоу” и интервјуто го поставил на Инстаграм.
Дали е ова точно или не, ќе покаже времето.