бунделсигабунделсигаФудбалерите на германскиот шампион минхенски Баерн со убедливи 3:0 (1:0) го победија Шалке на гостувањето во Гелзенкирхен, благодерејќи на трите погодока на својот најдобар стрелец Роберт Левендовски.
Левандовски водечкиот погодок го постигна во 20 минута од пенал, а го избори Кингсли Коман врз кој беше направен прекршок за најстрогата казна. Другите два погодока полскиот голгетер ги постигна во второто полувреме во 50 минута од прекрасно изведен слободен удар од 25 метри, и во 75 минута кога беше одлично проигран од Коман и прецизно биеше по земја.
На овој дуел за Баерн првпат заигра бразилскиот напаѓач Фелипе Кутињо кој дојде од Барселона и го замени Томас Милер, како и Хрватот Иван Перишиќ кој исто така во 57 минута го замени Серж Гнабри.
Ова беше петта гостинска победа во петокот и саботата во Бундеслигата. Претходно во петокот вечерта во првиот натпревар од колото Борусија Дортмунд во петокот вечерта на гости кај Келн славеше со 3:1, иако до 70 минута беше во негатива. Домашниот Келн поведе по изведен корнер во 29 минута, а стрелец беша Доминик Дрекслер. По големиот притисок Борусија успеа да израмни со голот на Жадон Санчо во 70 минута, а победата на „Милиониретите“ им ја доесоа Ашраф Хакими во 86 и Пако Алкасер во четвртата минута од судиското продолжение.
Гостинските успеси ги потврди и Баер Леверкузен кој со 1:3 славеше кај Фортуна. Гостите поведоа во 6 минута со автоголот на Луис Бејкер, а потоа стасаа до недостижна предност со головите на Шарлс Арангуиз во 33 и Керим Белараби во 39 минута. За Фортуна прецизен беше Алфредо Моралес во 82 минута.
Идентитечна гостинска победа од 3:1 забележа и Борусија Менхенгладбах кај Мајнц. Домашните поведоа во 18 минута преку Рон Кваисон, а потоа гостите до крајот на првото полувреме во 31 минута израмнија преку Штефан Лајнер, а потоа во вториот дел со двата брзи погодока во 77 минута на Аласан Пиеа во 77 и Бреел Емболо во 79 минута обебедија три бода.
Истиот резултат 1:3 гласеше и на крајот од дуелот меѓу Падеборн и Фрахбурт. И на овој меч домашните поведоа со голот на Стрел Мамба во 3 минута, но гостите направија пресврт преку Лука Валдшмид во 21 минута од пенал и Нилс Петерсен во 40 минута до крајот на првиот дел. Победата на Фрајбург ја потврди во 90 минута Квон Чанг-хун.
Честа на домашниот терен ја одбрани во натпревар со пресврти ја одбрани Хофенхајм со победата од 3:2 над Вердер. Гостите од Бремен поведе во 42 минута со голот на Никлас Фулкруг, но омашните во првиот дел од второто полуврме направи пресврт со головите на Ермин Бичакчиќ во 54 и Ихлас Бебу во 59 минута. Иако во 77 минута Вердер остана без исклучениот Јоханес Егештејн, четири минути подоцна неговите играчи успеаја да израмнат со голот на Јуја Осако, но Павел Кадерабек во 87 минута ја донесе победа на Хофенјахм.
Во последниот саботен меч Аугсбург поведе во 59 минута преку Рубен Варгас, но во 80 минута Себастијан Андерсон израмни за Унион Берлин, кој три минути подоцна остана без исклучениот Кевен Шлотербек.
Во моментов на табелата во водство се три екипи со максималните шест бодови: Борусија Дортмунд, Фрајбург и Баер Леверкузен. Баерн и Борусија Менхенгалдбах имаат по четири бодови, а по три со натпревар помалку имаат РБ Лајпциг, Волфсбург и Ајнтрахт.
Колото во недела ќе го заокружат дуелите РБ Лајпциг – Ајнтрахт во 15,30 часот и Херта – Фолсфбург во 18 часот.