Хјустон Рокитс синоќа ги совладаа Индијана Пејсерс со 115:103, постигнувајќи ја првата победа на домашен терен оваа сезона.
Најзаслужен за побведадата на Хјустон беше Џејмс Харден со 40 кошеви, 7 скокови и 9 асистенции, а Крис Пол додаде 26 поени. Виктор Одалипо со 22 поени ја предводеше Индијана, а Бојан Богдановиќ беше одличен со 20 копеви, 6 скокови и 6 асистенции, како и 3 украдени топки.
Орландо Меџикс со 115:89 ги победија Њујорк Никс. Меџикс ги постигнаа првите десет поени на мечот и потоа во текот на целиот натпревар ниеднаш не беа во резултатско заостанување.
Теренс Рос беше најдобар стрелец кај Орландо со 22 коша, додека Никола Вучевиќ постигна 21 поен и 14 скокови. Најефикасен кај Њујорк беше Кевин Нокс со 17 копшеви, а Енес Кантер впиша дабл-дбла со 16 кошеви и 15 скокови. Ж
Лос Анџелес Лејкерс со 107:106 го победија Атланта Хоукс, а Леброн Џејмс постигна 26 кошеви, вклучително и полагањето на 15 секунди пред крајот за конечниот резултат, Кајл Кузма додад 18 поени. Кај Атланта најдобри беа Тауреин Принс со 23 и Кент Бејзмор со 21 кош.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит Пистонс – Шарлот Хорнетс 103:113
Хјустон Рокитс – Индијана Пејсерс 115:103
Њујорк Никс – Орландо Меџикс 89:115
Денвер Нагетс – Милвоки Бакс 114:121
Портланд Трејл Блејзерс – Бостон Селтикс 100:94
Лос Анџелес Лејкерс – Атланта Хоукс 107:106