Кошаркарите на Хјустон Рокитс ги победија Голден Стејт Вориорс ос 126:121 во продолжението од третиот наптревар во полуфиналето од Западната конференција одигран во нивниот „Тојота Центар“ така намалувајќи го водството на актуелниот шампион во НБа лигата на 1-2 во серијата до четирите.
Стрелците кај домашната екипа ги водеше Џејмс Харден со 41 кош, 9 скоскови и 6 асистенции, додека Ерик Гордон додаде 30 поени. Крис Пол постигна 14 коша со 8 скокови и 7 асистенции, а Клинт Капела го заврши дуелот со 13 поени и 11 скокови. Хјустон имаа 20 скокови повеќе од гостите кои со 46 коша ги предводеше Кевин Дјурант. Дрејмнонд Грин оствари уште еден “трипл-дабл“ со 19 коша, 11 скокови и 10 асистенции. Потфрли Стиф Кари кој за своите 17 поени шутираше 7 од 23 шута.
Хјустон ќе бидат домаќинии во четвртиот натпревар кој на распоредот е ноќта кон вторникот, во 3,30 часот по средноевропско време.
Освен на почетокот од првата четвртина во која Рокитс немаа решение за играта на Вориорс па шампионите во шест и пол минути направија 9 коша прњедност, домашната екипа дефанзивно го одигра најдобриот меч во серијата. Во нападот Ерик Гордон повлече во првото полувреме, во кој постигна 20 од своите 30 коша, а во вториот дел и продолжувањето прва опција беше Џејмс Харден. Најдониот играч на Рокитс во овој период постигна 28 од своите 41 поен, а клучна се покажа „тројката“ за водство од 124:118 во продолжението, по што имаше и полагање за конечните 126:121. Иако неговата белка во левото око беше целосно црвена од ударот во минатиот дуел, Харден го одигра најдобриот меч во серијата.
За победата на Хјустон придонесе и катастрофалната вечер на Стеф Кари која кулминираше на крајот од продолжението, кога потполно осамен промаши забивање, по што Вориорс се предадоа и пуштија времето да истече.