Во последниот меч од десеттото коло од германското фудбалско првенство, Хофенхајм на својот стадиот со 3:1 го совлада Аугсбург.
Двоен стрелец за домашните беше Флориан Грилитш во 17 и 46, и Ихлас Бебу во 50 минута, а за гостите стрелец беше Даниел Калигиури во 31 минута.
По десетте кола Хофенхајм е десетти на табелата со 12 бодови, додека Аугсбург со исто толку бодови со подобра гол-разлика е место понапред.
На табелата води минхенски Баерн со 23 бодови, бод повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен, односно два од третиот РБ Лајпциг со кој во саботата во дербито ги поделија бодовите со резултат 3:3.