![ukraina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/1mnsct3s_-russia-ukraine-war_625x300_12_April_22.jpg?resize=650%2C400&ssl=1)
Холандски државјанин кој војувал во составот на укранските вооружени сили, загинал на 4-ти мај во борбените дејствија во Украина, пишува во понеделникот холандскиот дневен весник De Telegraaf.
Во написот се наведува дека станува збор за 55-годишниот Рон Богелард, чешто загинување го потврдиле претставници на семејството и објавите на неговата ќерка на социјалните мрежи.
Други поединости, како што се информации за единицата во којашто служел Холанѓанецот и местото на загинувањето, не се дадени.
Холандското министерство за надворешни работи одговорило дека очекуваат официјална потврда за загинувањето на Волегар од украинските власти. Доколку следи потврда, тоа ќе биде првото официјално потврдено загинување на холандски државјанин во Украина по започнувањето на руската офанзива.
Според тврдењето на весникот, околу 70 државјани на Холандија во моментов учествуваат во воените дејствија на украинската страна.
Досега се познати само уште по еден случај на загинат британски и американски државјанин во војната во Украина, за кои известија кон крајот на април тамошните медиуми со потврда од нивните семејства.
Уште на самиот почеток од борбените дејствија во Украина, украинското министерството за одбрана формираше специјална единици „Меѓународна легија“ за странски борци во војната против Русија. Според изјавите од Киев, само до 7- ми март оваа бригада вклучува повеќе од 20.000 доброволци и ветерани, а се исклучува користењето на терминот платеници ангажирани преку западни приватни воени компании. Според CNN, со оваа „Легија“, командива генералот Кирило Буданов, командант на украинското воено разузнавање.