Организаторите на годинешното издание на релито „Дакар“, еден од најтешките тестови за издржливост на возилата и луѓето, објавија дека како последици од пад во 11-та етапа во петокот починал 48-годипшниот холандски мотоциклист Едвин Стравер.
Ставер страдаше на 16-ти јануари и итно со хеликоптер беше пренесен во болница во Ријад. Следните денови беше префрлен во татковинта, но повредите здобиени во тешкиот пат биле фатални.
Во текот на годинешната трка, која првпат се вози во Судиска, загина и португалскиот мотоциклист Пауло Гонсалвеш кој настрада во седмата етапа.
Гонсалвеш и Стравер се 25-та и 26-та натпреварувачка жртва на ова рели во неговата 41-годупна историја. Од 1979 година во трките смртно страдаа и повеќе организатори, новинари и гледачи.