Холандската полиција употреби водени топови против противниците на делумното затворање

Холандската полиција во саботата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се противат на воведувањето на новиот делумен „локдаун“ во периодот кога земјата бележи рекорден број заразени со коронавирусиот и сѐ поголема бројка пациенти на одделите за интензивна нега.

Премиерот Марк Руте во петокот најави триседмично „затворање“ кое се однесува на работата на продавцнитеи, спортските сали и угостителските објекти. Највено е дека рестроаните и продавниците ќе бидат затворани порано, а на поголемите спортски настани нема да биде дозволено присуство на публика.

Скратено е и работното време на супермаркетите и другите објекти во малопродажбата и повторно ќе биде воведен мерката за одржување физичко растојание. Во домовите не се препорачува истовремено присуство на повеќе од четири гости, а работата од дома ќе биде пожелна мерка кога тоа е возможно. Изегувањето од домовите е дозволено во секое време, а училиштата ќе останат отворени.

Еден од големите спортски настани кои ќе се играат без публиак е и квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство меѓу Холандија и Норвешка следната седмица.

По објавата на премиерт Руте домонстрантите излегоа на улиците на Хаг, а полицајците почнаа да ги растеруваат со водени топови, откако дел од насобраната маса на нив почнаа да фрлаат камења и петарди.

Според податоците во саботата во Холандија се евидентирани 13.902 нови случаи на зарази со коронавирусо, што е третата највисоката стапка на дневно ниво од почетокот на епидемијата во земјата,. Покрај тоа, забележени се 33 нови смртни случаи како последица од Covid-19.

Бројот вакцинирани жители во Холандиа е реалативно е висок. Со двете дози вакцинирани се 82,4 отсто од Холанѓани повозрасни од 12 години или 73 отсто од вкупната популација.