Холандските туристи избраа – Македонија за златна дестинација за патување

Македонија е избрана за дестинација за патување од страна на холандските туристи. Наградата „Златна награда за дестинација за патување, земјава ја доби како резултат на гласањето на холандските туристи кои требало да ја оценат нивната посета во странска земја.

Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, потоа рестораните со 8,1 и културата со 8 од можно 10 поени. Гостопримството е оценето со 7,9, а локалитетите со 7,8. Од градовите највисоко е оценет Охрид со 8,1, а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга со 7,6, 7,5 и 7,2.

Истражувањето е спроведено од холандската платформа Reisgraag.nl која го испитува задоволството од услугата на холандските тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет. Оваа платформа е и туристичка агенција која традиционално го организира настанот „Reisgraag Awards” по повод доделувањето на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости.