![maska kislorod](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/maska-kislorod.jpg?resize=696%2C362&ssl=1)
Четириесет лица се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид во црква во градот Понт-Канавезе во близина на Торино, Италија.
-Во болница во хипербарична комора има 10 лица, меѓу кои и осумгодишно дете, јавија италијанските медиуми.
Според сознанијата на пожарникарите и полицијата, труењето дошло откако дефект во котелот на црквата Свети Констанца предизвикал испуштање на јаглерод моноксид.