Хрват со години крадел во Германија: Отишол да чисти тоалети, па од украдените пари си купил куќа и луксузен автомобил

Почна судењето на хрватскиот државјанин Стјепан К., кој е обвинет дека меѓу 2013 и 2017 година противправно се стекнал со 425.000 евра работејќи како чистач во јавен тоалет во Минхен.

Како што јавува Билд, осомничениот не сакал да го коментира обвинението кое му се става на терет, а неговата партнерка во злосторството, Јадранка Ј. Тврди дека не знаела ништо за обвиненијата.

Таа е обвинета дека на Стјепан му ги давала клучевите од апаратот за наплата на тоалетот, кои ги имала како вработена во истата компанија во која работел и првообвинетиот, а кои тој потоа ги празнел.

Полицијата во 2017 година во станот пронашла детергенти со висок квалитет и 12 илјади евра во монети. Исто така, има сомнежи дека Стјепан со украдените пари купил и куќа во Хрватска и луксузен автомобил Лексус.