Премиер лига: Челзи ремизираше со Нотингем, Манчестер Јунајтед оди кон ЛШ

Челзи не успеа да го победи пред своите навивачи Нотингем Форест играјќи 2:2 во саботата во рамките на 36-то коло на англиската Премиер лига.

На „Стенфорд Бриџ“ гостите од Нотингем поведоа уште во 13 минута со голот на Тиаво Авонији, но Челзи успеа на почетокот од вториот дел да направи резултатски пресврт со двата брзи погодока на Рахим Стерлинг во 51 и 58 минута. Сепак, Авонију во 62 минута повторно успеа да ја затресе мрежата на лондонските „сини“ и да израмни на 2:2 што се покажа како конечен резултат.

Така Челзи остана на 11-то место со 43 бодови, додека Нотингем Форест моментално на два кола пред крајот на сезоната е на 16-то место со 34 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.

Голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите следната сезона направи Манчестер Јунајтед, кој на својот „Олд Трафорд“ со 2:0 го совлада Вулверхемптон. Стрелци за 20-та првенствена победа сезонава на „Црвените ѓаволи“ беа Антони Марсиал во 32 и Алехандро Гарначо во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Манчестер Јунајтед сега има 66 бодови и го држи четвртото место, последното кое директно води во најелитното континентално натпреварување, со четири бодови пред петтиот Ливерпул а недостижни од шестиот Тотенхем кој има во моментов 57 бодови и меч повеќе. Вулверхемптон е безбеден со 40 бодови на 13-то место.

Тотенхем беше поразен на гости кај Астон Вила која поведе со 2:0 со головите на Џејкоб Ремзи во 8 и Даглас Луиз во 72 минута, додека почесниот погодок за гостите од Лондон го постигна од пенал капитенот Хари Кејн во 90 минута. Астон Вила, така, бодовно со 57 се израмни на табелата со Тотенхем но има послаба гол-разлика.

Лидс Јунајтед поведе пред своите навивачи во соочувањето со Њукасл, преку Лук Ајлинг во 7. Меѓутоа гостите направија пресврт со двата пенала кои ги реализираше Калум Вилсон во 31 и 69 минута, а бод за домашните спаси Расмус Кристенсен во 79 минута.

Бодот му помогна на Њукасл да ја задржи третата позиција на табелата со 66 бодови, колку што има и Манчестер Сити, а на врвот се Манчестер Сити со 82 бодови, бод повеќе со меч помалку од вториот Арсенал. Лидс Јунајтед, пак, остана со 31 бод на 17-то место и во моментов е испаднат од Премиер лигата.

Саутемптон, пак, стана првиот тим кој веќе и теоретски не може да го сочува премиерлигашкиот статус. Со саботниот пораз од 0:2 на домашен терен против Фулам, стрелци беа Карлос Винисиус во 48 и Александар Митровиќ во 72 минута, Саутемптон остана на 24 бодови, осум помалку од Евертон кој во моментов ја држи спасоносната 17-та позиција. Фулам моментално е 9-ти со 51 бод.

Кристал Палас на домашен терен немаше поголеми проблеми во пресметката со соседниот на табелата Борнмут со головите на Еберечи Езе во 39 и 58 минута. Кристал Палас сега е 12-то место со 43 бодови, а Борнут е 14-ти со 39 бодови.

Во недела на распоредот се дуелите Брентфорд – Вест Хем, Евертон – Манчестер Сити и Арсенал – Брајтон, а колото во понеделник го заокружува мечот Лестер Сити – Ливерпул.