![4H5A3036](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/4H5A3036.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На протести и денеска излегуваат родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.
Според најавите, протести се закажани во сите градови во 18 часот пред општинските згради. Во Скопје ќе се одржи протестен марш кој во исто време ќе почне пред зградата на Министерството за образование и наука, ќе продолжи кон Владата, а ќе заврши пред Собранието каде родителите ќе ги испратат своите пораки до пратениците.
За само три часа, вчера родителите ги собраа потребните 100 иницијални потписи за покренување референдум на државно ниво за образовните реформи на министерката за образование Мила Царовска, објави Сител.
Се собираа во подрачните единици на Државната изборна комисија во Битола и во скопски Центар.
Родителите сметаат дека Царовска нема да ги земе предвид нивните барања и забелешки, затоа и се одлучија на ваков чекор, преку референдум да го искажат своето незадоволство за образовните реформи.