Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе освои поени на првата од двете трки на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија.
Иџе стартуваше од десеттата позиција на стартот на трката, а до финишот успеа да напредува за четири места. Македонецот со своето возило „Хјундаи“ така ќе стартува од шестата позиција на следата трка која се вози попладнево.
Победник на трката беше Ерик Бриљадори, пред Салваторе Тавано, а италијанската доминација на подиумот ја расипа Анти Бури од Финска.