
Американската сојузна дражаваКалифорнија ќе понуди награди во вкупна вредност од 116,5 милиони американски долари во готовина и подарок-картички за граѓаните кои ќе се вакцинираат до 15-ти јуни.
Одлуката на гувернерот Гавин Њузом е насочена кон поттикнување на вакцинацијата се додека државата не се отвори целосно на 15-ти јуни.
Десет граѓани на Калифорнија кои ќе се вакцинираат до тој датум можат да освојат награда од по 1,5 милиони долари, додека други 30 лица ќе добијат по 50.000 американски долари. Два милиони луѓе кои би биле вакцинирани ќе добијат ваучери од 50 долари.
Претходно во мај гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, ја промовираше лотаријата во износ од пет милиони долари како поттик за њујорчаните за вакцинирање следната седмица против коронавирусната болест.
Програмата им дава бесплатна грепка на сите њујорчани повозрасни од 18 години кои ја примија вакцината на „Moderna“, „Pfizer/BioNTech“ или на „Johnson&Johnson“ во периодот од 24-ти до 28-ми мај. Лотаријата којашто се користи како поттик за вакцинирање може да донесе добивка од 20 до пет милиони долари.
Сојузната држава Охајо пред две седмици објави дека ќе го поттикнува вакцинирањето, исто така, со лотарија во којашто во пет седмици ќе бидат доделувани добивки од по милион долари на среќниците кои се вакцинирале.